Пациентка по име Ленка Најденова (70) излегла од Клиниката за онкологија вчера попладне незабележана од никого, ниту од обезбедувањето ниту од медицинскиот персонал и се упатила во непознат правец. Таа била облечена во тенка блуза, тегет тренерки и розови папучи.
Ленка е од Крива Паланка, а на Клиниката за онкологија требало да остане хоспитализирана. Жената излегла од Клиниката за онкологија околу 15 часот попладнето.
Семејството преку „Слободен печат“ упатува апел до граѓаните доколку ја забележат исчезнатата да пријават во најблиската полициска станица и да ја задржат.
Мајка ми ја нема цела ноќ. Од полиција ни кажаа дека ја забележале кај две амбасади но не ја препознале и не ја задржале. Цимерката со која беа во соба ни кажа дека заедно биле на зрачење, немала негативни појави од тоа и затоа е многу чудно ова што се случи. Не е дека не сакала да се лекува, зашто беше среќна што беше примена на клиниката и што ќе прими терапија – вели за „Слободен печат“ Андријана Најденова Тодорова, ќерката на исчезнатата жена.
Таа ги замолува граѓаните доколку ја видат нејзината мајка, да ја информираат на телефонскиот број 078 420 489.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.