Кети Пери и Орладно Блум неодамна ја споделија веста дека ќе станат родители.

Парот кој со прекини се забавува од 2016 година, се сврши во март 2019 година, а венчавката која ја планираа на почеток на летово, ја одложија поради епидемијата од коронавирусот. Како што сега јавуваат американските медиуми, Пери и Блум сепак не живеат во идила.

Кети има проблем со живците, бидејќи прв пат ќе стане мајка, а Орладно е под стрес бидејќи бебето доаѓа во ваков момент – истакнал извор близок на парот, според кој нивниот однос се променил откако пејачката затруднела.

Кети, која инаку ја крие интимата од медиумите, неодамна даде интервју во кое призна дека нејзината врска со Блум е полна со падови и подеми.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.