Ирина Шајк поминува квалитетно време со својата ќеркичка Леа (3) придржувајќи се до препораките за заштита на јавното здравје од коронавирусот. Мајката и ќерката прошетаа низ улиците на Њујорк со црни заштитни маски од марката LA Made и ги нахранија гладните гулапчиња.

За прошетката, 34-годишната руска манекенка избра модерен тренч-мантил, беж тренерки и црни гумени чизми, а стајлингот го заокружи со модерни црни очила за сонце.

Во почеток, Леа се возеше во својата количка, која ја туркаше нејзината популарна мајка, но во еден момент посака таа да ја вози мајка си, што Ирина и’ го овозможи.

Судејќи по насмевките на нивните лица, оваа прошетка дефинитивно им годеше на двете дами.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.