Во Изводот на родени на британското кралско бебе Арчи, синиот на принцот Хари и на Меган Маркл, се објавени интересни детали, кои до сега не беа познати во јавноста. Според документот се дозна каде се родило кралското бебе. Арчи харисон Маунтбатен Виндзор е роден во приватната болница Портланд во Вестминстер.

За потребите на издавање на овој документ, Меган Маркл навела дека целото име и е „Рејчел Меган Нејзиното кралско височество војвотката од Сасекс“.

Во изводот Меган напишала и дека нејзината професија е принцеза. И покрај тоа што навела дека е принцеза, таа не може да биде, зашто според протоколот во британското кралско семејство таа влегла преку брак, а не со раѓање. За да стане принцеза, потребно е да има „сина крв“.

Се открива и дека Арчи не е роден во новиот дом Фроџмор, како што беше објавено, туку во болница. Тој е роден на 6. мај во 5,26 часот и бил тежок 3,26 килограми.

Освен тоа Изводот потврди дека името Арчи не е скратено од друго име, туку дека така ќе се вика наследникот на принцот Хари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.