Иницијатива да се врати се врати сјајот на Старото пристаниште во Охрид . Да се врати градската плажа пред хотелот „Палас“ и можноста за развој на водените спортови, пишува порталот Охриднет.мк.

Старото Пристаниште да се врати во својата првобитна намена. За идните генерации и за генерациите на кои им фали ова место. Охрид е град на водените спортови. Да го вратиме вистинскиот дух на градот,пишува Никола Паскали  дипломиран археолог  за подводна археологија.

Ова место до 1960 година било главно собиралиште на охриѓани.

Имало дрвен мост со штици, кој на крајот беше како платформа бил поширок. На јужната страна имаше стартни коцки, од каде се стартувале пливачките дисциплини.

Плажата се срушила во силно невреме во 1968 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.