Индискиот бизнисмен Шанкар си купил златна заштитина маска која читини 3.550 евра за да го заштити од коронавирусот. Маската била по нарачка, и има 60 грама злато.
Тоа е тенка маска со мали пори за да можам да дишам“, рече тој за АФП, но призна дека сè уште не е сигурен дека таквата маска може да го заштити од вирусот, поради што презел и други заштитни мерки.
Шанкар Курхаде има 49 години, а кога излегува, сака да стави накит тежок околу еден килограм. Околу вратот носи златен ланец, носи нараквици и прстен на секој прст на десната рака.
Луѓето сакаат да се сликаат со мене затоа што се импресионирани кога ја гледаат златната маска којашто ја носам на пазарот“, додаде тој.
Во Индија задолжително е да се носи заштитна маска на јавни места во борбата против коронавирусот. Во таа земја, вирусот зарази 650.000 луѓе, од кои починале повеќе од 18.600.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.