Дарен Батрик, татко на три деца од Стафордшајр кој го преживеал ковид-19 вели дека искуството на британскиот премиер Борис Џонсон, кој вели дека докторите мислеле оти можеби ќе умре го потсетил на она што и самиот го преживеал.

Ми беше тешко дури и да бирам броеви на мобилниот телефон, да ги барам броевите за да се јавам кај семејството, пријателите, да им објаснам како стојат работите. Плачев и ги преколнував докторите и сестрите да не дозволат да умрам – вели Дарен, опишувајќи го моментот кога било одлучено да биде преместен на Одделението за интензивна нега зашто бил во животно загрозувачка состојба.

Вели дека на семејството и пријателите морал да им објасни дека тоа е последен разговор.

Неговата сопруга Анџела вели дека таа и трите ќерки биле шокирани од веста.

Паднав на под, не можев да функционирам. Штом го тргнав телефонот по разговорот повторно го барав. Мислев дека морам непрекинато да зборувам со него пред да го преместат – вели таа.

48-годишниот Дарен бил воведен во вештачка кома и приклучен на апарати за дишење. Имал температура над 40 степени и се чувствувал како да се дави.

Луѓето кои се грижеле за него ги нарекува „ангели“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.