Пејачката Ника Антолос, некогашна членка на популарниот бенд Феминем, открила дека лекарите и дијагностицирале мултиплекс склероза, со која со тешка мака секојдневно се бори.

Се почна така што не ги чувствував нозете, а после почна да се влошува. Почнав да не гледам на левото око. Сите други симптоми, невозможно е да ги набројам. Тоа толку боли. Секоја ден чувствувам замор, вртоглавица, мачини- раскажала Ника.

Таа објаснила дека најтешко и паѓа што нејзиното дете расте, а таа не знае што ќе се случи.

Најстрашно е што денеска кога имам 29 години не знам дали ќе бидам жива, во количчка, се уште во болки, или подобра со 30 години. Немам поим. Моето дете расте, а јас не можам да и ветам дали ќе бидам тука за една, две години, или нема – очајна е пејачката.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.