Патријархот српски Иринеј(90), кој се лекуваше во ковид болницата во Карабурма поради инфекција со коронавирусот, немал поинаков третман од останатите пациенти и јадел исто што и останатите. Пред неколку дена изразил желба да му донесат корпа јаболки од Ниш, дознава српски Ало.

Сакаше да се освежи токму со тие јаболки додека лежеше во болница. Нишките јаболки најмногу ги сакаше и со децении само нив ги јадеше додека бил на служба во тој град како епископ нишки – велат изворите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.