Од моментот кога решиле поради несогласувања, да стават точка на својот брак, Југослав Кариќ и Елена Караман Кариќ решиле да ја продадат вилата на Космај и ресторанот во центарот на Белград.
Главна причина за разделбата е фактот дека Елена застранила, занимавајќи се со разни ритуали за соединување со приридата, што нејзиниот сопруг не можел да ги поднесе. Иако лавовски се борел да остане во брак со Елена, Југослав не успеал, па се договориле да се разведат.
Пред неколку дена тој отишол во вилата на Космај и се шокирал. Во нивната луксузна вила немало струја, а Елена седела во мрак. Кога ја прашал зошто не вклучи светло, барем неколку сијалици, таа му рекла дека немаат струја, бидејќи таа не ги плаќала сметките за струја. Тој многу се изнервирал и шокирал кога на масата видел мноштво неплатени сметки. Елена му рекла дека тоа на неа не и претставува проблем и дека може да живее и без струја во куќата.Тој ги зел сметките и ги платил, но го изнервирала себичноста на Елена, бидејќи во мрак го држела и нивниот син.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.