Медицинската сестра Ванеса Џорџ (49) од Плимонт, која медиумите ја квалификуваа како „најлош женски педофил“ во Британија, ќе излезе од затвор откако го убедила одборот за условен отпуст дека веќе не претставува „значаен ризик“ за децата.

Во 2009 година таа беше осудена на минимум 7 години затвор, откако направила 64 фотографии од себе како злоставува бебиња и деца во приватна болница каде работела како медицинска сестра. Кога во мај 2017 година отслужила 7 години затвор, била одбиена за условна казна.

Во меѓувреме нејзиниот сопруг Ендру (51) се развел од неа, а ќерките јавно се одреклеа. Членовите на семејството не знаеле за нејзините гнасни тајни, а како што пишува Дејли меил, Ендру веќе стравувал дека Ванеса ќе го изманипулира одборот да ја пушти, а дека и понатаму ќе биде опасна за децата.

Ванеса дејствувала со уште двајца соработници – Ангела Ален, која силувала девојче (3) и која веќе отслужила 5 години затвор, и со Колин Блачард, кој за условен отпуст може да се пријави следната година. Тие тројца се запознале на Фејсбук и со време создале застрашувачко портфолио од фотографии со деца кои им ги испраќала Ванеса.

Користеле мобилни телефони за да снимаат и да разменуваат фотографии од она што полицијата го нарекувала „злоставување деца во својата најлоша, демонска форма“.

Се верува дека Ванеса дошла во контакт со речиси 200 деца додека работела во болница. Наместо децата да ги пресоблекува на местата предвидени за тоа, таа пелените им ги менувала зад параваните, со што криела што им прави.

Злосторството било откриено кога случајно биле пронајдени фотографии од злоставувани деца на службениот компјутерот во фирмата во која работел соработникот на Ванеса Колин Блачард.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.