Илон Маск стана четвртиот најбогат човек во светот, со богатство во вредност од речиси 85 милијарди долари.

Во понеделникот акциите на компанијата Тесла пораснаа за повеќе од 11%, зголемувајќи ја нето вредноста на технолошката компанија дури за 8 милијарди долари.

По нето вредност од 84,8 милијарди долари, пред Маск се наоѓаат само извршниот директор на Фејсбук Марк Закерберг, кооснивачот на Мајкрософт Бил Гејтс и извршниот директор на Амазон Џеф Безос на Блумберговиот индекс на милјардери.

Голем дел од нето вредноста на Маск е поврзан со производството на електричните автомобили Тесла, чии акции оваа година скокнаа за дури 300%.

Производителот на автомобили остана профитабилен во последниот квартал и покрај влијанието на пандемијата од корона вирус. Тесла продаде повеќе од 170 илјади автомобило за време на првата половина од 2020 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.