Верниците од цел свет дојдоа вчера во Витлеем, библиски град на Западниот брег, во кој според христијанското верување се родил Исус, каде по долго време се одржаа масовни Божикни прослави.
Стотици граѓани на Витлеем и странски посетители се собраа на плоштадот, пред Црквата на раѓањето, каде палестинските скаути поминуваа покрај огромата божикна елка свирејќи на гајди.
Палестинската министерка за туризам Рула Маја изјави дека хотелите во градот сосема се распродадени и дека во нв ќе преноќат 10 илјади туристи.
,,Ваква посета не сме имале со години”, изјави таа, додавајќи дека бројката од три милиони посетители во Витллем годинава ги надмина посетите од минатите години.
Витлеем се наоѓа на делот на Западниот брег кој го контролираат Палестинците, но зад бариери кои ги подигна Израел за да се одвои од Палестина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.