Во чест на 12-те комитски чети, кои со над 2.000 востаници делувале во Преспа, денеска ќе се одржи Илинденска прошетка од селото Стење до селото Коњско и назад.
Предводник на групата ќе биде македонската алпинистка, уметник и активист Илина Арсова, а настанот е дел од манифестацијата „Преспаленд“.
На прошетката Арсова со присутните ќе сподели интересни факти за регионот, меѓу кои дека изобилува со богата флора и фауна, а периодов најмногу со корморани и пеликани.
Тука расте и редок вид зимзелени дрва- фоја. Селото Коњско е карактеристично по својата местоположба и е близу до островот Голем град и од некогаш изолирано село со девет куќи, денес овде има над педесет, се дел од фактите на Арсова.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.