Шведската компанија за мебел ИКЕА ги повика сите купувачи што ја поседуваат патната шолја од марката Troligtvis со ознаката „Made in India” (произведено во Индија) да престанат да ја користат.
Како што соопштија од компанијата, утврдиле дека оваа патна шолја содржи одредени штетни хемикалии, чија вредност ги надминува дозволените граници.
Секој потрошувач што ќе ја врати ваквата шолја во било која продавница на ИКЕА целосно ќе му бидат вратени парите, без разлика дали сè уште ја поседува фискалната сметка или не, соопшти познатиот трговски синџир.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.