Игор Џамбазов не би бил Игор тоа што е, да не крева прав по социјалните мрежи кои денес се многу популарни во Македонија. Па, така по повод посетата на грчкиот Премиер Ципрас на Македонија, Џамбазов се фати околу нецелосниот протокол со неинтонирањето на химните.
Џамбазов на Инстаграм повтори дел од рефрените како што е „Македонците се борат за своите правдини“ и ги спомена сите имиња на македонските народни херои (од македонската химна), а ги спомна и македонските шуми кои горат во деновиве во изгледа подметнатите пожари…..Игор доби и многу коментари, од оние кои и не се за објавување, до оние другите: “Како доаѓа времето, изгледа Игоре вака ќе си ја потпевнуваме додека се шетаме низ планините“, “низ шумите….“ Слободно како во времето на Крушевската….Република….Што би рекол некој, бетер и од турско….“ и така натака.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.