Кога станува збор за кралските  семејства, навикнати сме да ги гледаме во скапи, елегантни комплети или фустани.

Со оглед на сите мерки на претпазливост и криење на локациите каде што патуваат, она што малку кој може да види се припадничките на британска монархија во костуми за капење.

Но секое правило има исклучок, па така папараците успеаја да ја уловат војвотката од Корнвил, Камила Паркер на плажа.

Таа во моментов се наоѓа на четиридневна турнеја на Бардабодос, на кој пошла со сопругот, принцот Чарлс, наместо кралицата Елизабета.

Камила решила да здивне од кралските обврски и паузата ја искористила да поплива во тиркизните води на Карипското море.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.