Eдна од најпопуларните социјални мрежи, ТикТок, најави дека се придружува кон Кодексот против нелегален говор на омраза на ЕУ.
Кон Кодексот, меѓу другите, веќе се приклучени Фејсбук, Мајкрософт, Твитер, Јутјуб, Инстаграм, ДејлиМоушн и Снепчет.
Одлуката на ТикТок доби поздрав од еврокомесарот за правда, Дидие Рејндерс.
Со потпишувањето на нашиот Кодекс на однесување, ТикТок покажува цврста посветеност кон справувањето со нелегалниот говор на омраза на интернет. На ЕУ и е потребна солидна соработка со големи чинители како овие за да ја направи онлајн средината безбедна – изјави Рејндерс.
Според последните наоди од извештајот на Кодексот за однесување на интернет, платформите изминативе месеци отстраниле 71 отсто од објавените содржини затоа што биле оценети како нелегален говор на омраза.
Кодексот постои од 2016 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.