Тригодишната британска принцеза Шарлота побарала да оди во тоалет, а Кејт како секоја мајка, ја фатила за рака и влегле во првиот паб во источен Лондон.

Жена детектив од кралското обезбедување, успеала само на брзина да влезе и да го провери тоалетот.

Мештаните кои се нашле таму биле изненадени од ситуацијата.

Видовме дека кралското семејство е како секое друго. Кога детето ќе побара да оди во тоалет, мора да се оди во тоалет – рекол еден од гостите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.