Возачот имаше две колачиња, но за дивото животно тоа беше малку.
На интернет се појави снимка на која кафена мечка, позната по својата агресивна природа, ги моли туристите за слатки.

На снимката објавена на „Инстаграм“ се гледа како мечката ја турка муцката низ отворениот прозорец на автомобилот и проси од луѓето колачиња. Настанот е забележан на курилскиот остров Итуруп. „Браво, еве ти уште едно, земи, убавецу“, ѝ вели возачот на мечката. А откако ги кркна двете колачиња мажите ѝ соопштуваат дека тоа било сѐ.

„Нема повеќе колачиња. Поздрав, медо! Имај убав ден“, се слуша од позадина.

Мечката првин чека уште малку, а потоа решава да ги пушти луѓето да си одат.

 

View this post on Instagram

 

#итуруп #сахалин #сахалинскаяобласть #медведь

A post shared by Владимир Александрович (@vladimir_sakh_65) on

 

извор:  Russia Beyond



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.