Една Германка била нападната од ајкула додека нуркала во Црвеното Море, а со камера е снимено како ајкулата ѝ ги забива забите во рамото.
Жената ја спасил инструктор кој дошол и ја избркал ајкулата, додека другите нуркачи тргнале да се враќаат на површината.
По нападот, Германката имала голема рана на рамото, а завршила со неколку конци откако пристигнала во болницата. Експертите велат дека нејзиниот дебел костум за нуркање ја спасил од многу посериозни повреди.
Уморна сум и исцрпена, но среќна сум што сè заврши толку брзо. Јас сум жива, сè уште ги имам сите екстремитети, што е повеќе од доволно за да бидам благодарна – изјавила Германката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.