Студентка по глума (20), е една од девојките кои наводно го пријавила Мика Алексиќ за силување. Вели дека силувањето се случувало секој вторник.
Тој е препаметен човек кој подготви совршено злосторство – вели оваа студентка.
Започна две недели по мојот 18-ти роденден. Како да чекаше да стасам во полнолетство, иако другите девојчиња беа помлади кога ги нападна. Кога се започна, повраќав, изгубив 11 килограми. Јас се исушив. Јас не повраќав само после часовите, тоа се случуваше и преку денот. Секој оброк го повраќав, изјавува оваа девојка.
Таа вели дека нејзините пријатели забележале дека таа се повлекува во себе. Не излегувала повеќе, не се дружела. Во средно училиште, таа останала изолирана, иако тоа било последна година, кога дружењето обично создава најубави спомени.
Кога првпат ме однесе во канцеларија, две недели откако станав полнолетна, се сеќавам дека цел час зборуваше за самодовербата на жените и фаталните жени. Тој зборуваше за тоа како не постои самодовербата на жената, како ветерот може да ја оддува, да пукнеш со прстите и жената паѓа. Цело време ме гледаше во очи. Имав нула самодоверба во тоа време поради него, но не бев ни свесна во тоа време. Го гледав со воодушевување! Мислев како тој знае сè и како тој гледа сè! Тој исто така го процени тоа и ме однесе во канцеларијата, каде ми рече дека ќе работиме на мојата самодоверба и дека тој ќе ми помогне. Тој е многу интелигентна личност, многу паметен човек кој подготвил совршено злосторство – изјавила таа.
Знаеше, како кажува, дека тоа што и се случува не е добро. Се чувствувала ужасно и плачела цело време.
Кога ќе се случеше тоа, ќе се истуширав 10 пати. Без претерување, 10 пати. Знаев дека не е нормално да ме допира некој на возраст од 66-67 години, јас бев згрозена, но и понатаму не се сомневав дека има какви било намери што не беа педагошки и за мое добро. Тоа е тој болен страв дека ти него не смееш да го разочараш, ниту малку! Се враќав на тие часови, бидејќи се плашев дека тој ќе помисли дека не сум дошла поради тоа – изјавува студентката.
Вели дека сè уште го чувствува мирисот на Алексиќ и дека и се причинува дека го гледа на улица, иако не го видела скоро две години.
Силувањето, тврди таа, се повторувало скоро секој вторник седум месеци.
Понекогаш ќе пропуштела еден или два вторници и мислела дека ќе престане, дека сè ќе биде како што треба повторно. И тогаш повторно ќе ја повикал во канцеларијата.
Таа вели дека силувањата престанале кога го завршила т.н. актерско училиште.
Како што рече, пред последниот час по глума, договорот бил нејзините пријателки да се појават пред крајот на часот и да го спречат да ја однесе во канцеларија.
Така беше. Тоа беше мојата последна средба со Мика. Истрчав по скалите, пред училиштето, до Кнез Михајлова и повторно повраќав. Тоа беше олеснување помешано со страв, бидејќи се плашев дека може да продолжи, дека ќе успее да ме земе дури и кога веќе не бев во студиото – вели студентката по глума.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.