Познатата турска актерка Меријем Узерли, која се прослави со улогата на Хурем султан во серијата „Сулејман Величествениот“ откри дека е бремена и дека го очекува второто дете.

Во изјавата за турските медиуми, наведе дека е во петтиот месец од бременоста. Таа, сепак, не сакаше да открие кој е татко на детето.

Воедно го откри и полот на детето. Хурем инаку е мајка на девојчето Лара, која има шест години.

Бремена сум пет месеци. Доколку се биде во ред, во јануари ќе се роди девојче. Лара веќе подолго време посакуваше брат или сестра, пресреќна сум што таа желба наскоро ќе и се оствари. Но и јас сум среќна бидејќи ќе основам сопствено семејство – изјави Хурем.

Меријем Узерли не сакаше да го открие името на љубовниот партнер. Само наведе дека е заљубена.

Некои работи би ги задржала за себе – изјави актерката.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.