При вчерашната посета на Србија, рускиот престседател освен топлото добредојде од целиот државен врв доби и специјален подарок од Вучиќ, шарпланинецот Паша. Балканските медиуми јавија за подарокот кој според зборовите на Путин, многу му се допаднал.
Шарпланинецот има сериозно педигре генерации наназад. Знаевме дека Путин многу ја сака оваа раса, изјавил член на кабинетот на Вучиќ за српски Курир.
Сепак, хрватскиот портал Индекс.хр излезе со најинтересна проценка, дека кутрето било уплашено и не сакало да оди со Путин. Во написот со наслов „Навистина тешко е да се гледа снимката од кучето која Србите му го подарија на Путин“ порталот пишува дека иако претседателите се труделе околу кучето, очигледно било дека тоа се плаши.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.