Како последица од масивно мозочно крварење, пред околу 7 години Марија Андонова останала со тешкотии во движењето на десната рака. Прстите и дланката и се неподвижни, а со тоа и самостојното фунционирање и е отежнато.
Со цел да се подобри нејзината состојба, потребна е протеза за раката која чини речиси седум илјади евра (430.000 денари), а Марија треба лично да отпатува за Берлин во Клиника за протетика и ортотика.
Андонова е дипломиран економист, а веќе неколку години работи како офис-администратор, но во изминатиот период е на боледување. И покрај тешкотиите, таа доаѓа некогаш на работа, помага и покажува големи амбиции и се бори со сите препреки.
Броеви за донација:
Телеком 143 131 и ВИП 143 486 (без префикс)
Со секое јавување, се донираат 100 денари.
Жиро сметка: 300001000026192 Комерцијална Банка АД Скопје за Марија Андонова
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.