Невообичаен хостел, поврзан со засолниште за мачки, во префектурата Осака во западна Јапонија, им овозможува на гостите да заспиваат гледајќи во мачките. За многумина, тоа е прибежиште од реалноста, во која сѐ уште е актуелна корона-пандемијата.
Хостелот наречен „Неко Хатаго“ е отворен минатиот декември, како додаток на „кафулето“ за мачки „Неко Јокуџо“. Одморалиштето има осум соби, од кои луѓето можат да ги гледаат мачките преку стаклен прозорец поставен покрај секој кревет.
Сакам луѓето да дознаат повеќе за мачките што ние ги спасуваме и прибираме, па и како тие се однесуваат навечер – вели сопственичката на објектот, Наоми Нишикубо.
Мјаукањето се слуша постојано, а на гостите во хотелот им е дозволено да ги бањаат и хранат мачињата, пред и по работното време на „кафулето“ за мачки.
Хостелот имаше и доста странски посетители пред корона-пандемијата, но сега тие се помалку.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.