Холивудската актерка Рејчел Метјуз на социјалната мрежа Инстаграм објави стори и откри дека е позитивна на коронавирусот.

Рејчел, позната по улогата во хитот на Дизни, „Фрозен 2“ ја откри нејзината дијагноза на Инстаграм во понеделникот.

Здраво дечки, се тестирав од Ковид-19 и тестот е позитивен, па ќе бидам цела недела во карантин. Не сум сигурна кој е следниот чекор, но сигурно ќе останам во карантин сè додека не ми биде кажано нешто поинакво. Се чувствувам подобро, но ќе објавам некои информации кои се надевам ќе бидат корисни, пишува 26- годишната актерка и додава:

Бидете слободни да ме прашате што и да посакате. Би сакала да помогнам колку што можам. Сега е време да бидеме паметни и одговорни. Ајде да си помогнеме едни на други!

Првиот ден се чувствувала изморена, болка во грлото и главоболка, додека веќе следниот ден имала блага температура (37,9), имала ужасни болки во телото, имала остра болка во белите дробови, ѝ се појавила и сува кашлица, а немала ни апетит.

Третиот ден, температурата исчезнала, болките во телото станале поблаги, но состојбата на белите дробови ѝ се влошила. Таа вели дека кашлицата ѝ се влошила, имала тешкотии во дишењето, а чувствувала и голем замор. Апетитот не ѝ се вратил.

На четвртиот ден, нејзините симптоми се ублажиле, но таа сè уште имала тешкотии со дишењето. Го изгубила чувството за мирис и вкус, но немала апетит.

На петтиот, шестиот и седмиот ден, почувствувала слични симптоми како и на четвртиот, но вели дека генерално се чувствува подобро.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.