Снимката од возачот на автобус од Норвешка кој мислел дека е сам во својот автобус станала хит на интернет.

Возачот на автобусот во околината на Берген се опуштил и запеал кога мислел дека е сам во автобусот, несвесен дека внатре има еден патник којшто го снима.

Настанатата снимка многумина ги насмеала и станала вирална, а се појавила и на 9GAG и на Редит.

Многумина на социјалните мрежи пишувале дека би сакале да ја видат реакцијата на возачот во моментот кога сфатил дека не е сам.

Тој за норвешки „VG“ изјавил дека ја запеал песната од Еминем кога слушнал нешто дека ѕвони и сфатил дека со него во автобусот има уште некој, а веднаш потоа престанал и да пее.

View this post on Instagram

@karpe_offisiell 🤩⁣ #NKVO⁣ ⁣ (via @norwayrob)

A post shared by Nå koser vi oss (@naa_koser_vi_oss) on



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.