По интервјуто за Опра Винфри, јавноста со нетрпение ги чекаше реакциите на членовите на кралското семејство. И принцот Вилијам и Кејт Мидлтон беа фотографирани многу вознемирени и речиси бесни на моменти, а сега папараците конечно успеаја да го фотографираат и Хари.

Папараците го фотографирале додека лежерно возел велосипед низ Мотесито во Калифорнија, а принцот, како и секогаш, бил придружуван од обезбедувањето. Лицето му е скриено зад заштитна маска, а носи очила за сонце и капа.

Како што коментираат светските таблоиди, судејќи според фотографиите, британскиот принц не бил премногу расположен, а сериозниот израз на лицето оддавал загриженост.

Односите меѓу кралското семејство се затегнати веќе една година, откако Хари и Меган решија да ги напуштат службените должности, а сè дополнително се влоши со интервјуто за Опра во кое беа презентирани некои шокантни детали. Меѓу другото, Меган ги обвини за расизам, откри детали од конфликтот со Кејт Мидлтон, но отворено зборуваше и за намерите да си го одземе животот, додека Хари изјави дека се чувствувале како да се во затвор.

Кралицата Елизабета тогаш даде официјална изјава велејќи дека се чувствува многу загрижена за сè, додека Вилијам им изјави на новинарите дека тие во никој случај не се расистичко семејство и дека тој ќе разговара со неговиот брат, кој, како што навела Гејл Кинг, пријателка на семејството, не поминало во најдобар ред.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.