Поттикнати со немирен живот, постојана осуда на јавноста и неразбирањето на поедини членови на семејството, војводите од Сасекс размислуваат за преселба во Америка, каде би создале свој втор дом.
Од извори блиски до британската круна, медиумите дознале дека младата двојка, принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл, сериозно размислуваат да се преселат во Соединетите држави.
Во ноември, тие одат на долгоочекуваниот шестдневен одмор, како дел од нивниот престој во Калифорнија и ќе ја посетат Дорија Рагланд, мајката на војвотката Меган Маркл.
Во Калифорнија, ќе прослават и еден од најголемите празници на Америка, Денот на благодарноста, во круг на сакани пријатели. Исто така, тоа ќе биде прва посета на малечкиот Арчи во домот на неговата мајка, како и прва посета на неговата баба во Америка.
Сите сфатија дека работите не функционираат најдобро со Хари и Меган во Виндзор, па има можност да го направат својот втор дом во Америка и да имаат своја база таму некое време, рекол еден извор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.