Автомобил со полна брзина удри во трговски центар во германскиот град Хамбург, јавуваат локални медиуми. Според пишувањето на „Хамбургер абендблата“, девет лица се пренесени во болница. Зградата на трговскиот центар е евакуирана, а полицијата соопшти дека станува збор за незгода. Како што наведуваат локалните медиуми, повозрасен маж во обид да го паркира возилото изгубил контрола и низ излогот влегол во трговскиот центар.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.