Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, во обраќање пренесувано од „Би-Би-Си“ посветено на ситуацијата со животната средина на Земјата, порача дека планетата е скршена и предупреди дека „човештвото води самоубиствена војна со природата“.
Природата секогаш возвраќа и тоа го прави со голема сила и гнев. Сакам борбата против климатските промени да ја ставам во основата на глобалната мисија на Светската организација – вели Гутереш.
За време на своето обраќање, Гутереш повтори дека е потребно да се намалат емисиите на штетните гасови за 45 проценти до 2030 година, во споредба со нивото на штетни гасови регистрирано во 2010 година.
Науката е јасна. Ако не ја намалуваме емисијата на штетни гасови предизвикани од согорување на фосилни горива за шест проценти секоја година до 2030 година, ситуацијата значително ќе се влоши. Апокалиптични пожари, поплави, циклони и урагани ќе станат наше секојдневие. Биодиверзитетот исчезнува, пустини се шират, океаните се дават во пластичен отпад. Ова е моментот на вистината за човештвото – предупредува генералниот секретар на ОН.
Гутереш потсетува дека ЕУ, САД, Кина, Јапонија, Јужна Кореја и 110 други земји се обврзаа да престанат да испуштаат штетни гасови до средината на овој век, но тој сака да види дека тој моментум ќе се претвори во акција.
Ние мора да склучиме траен мир со нашата планета Земја – вели Гутереш.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.