Додека ги кажува брачните завети пред неговата избраничка Дениз, Арон Савитски од Масачусетс решава да ја спомене и оваа, за скоро целиот свет – не баш омилена година.

Да признаеме, 2020 не беше најдобра, вели тој, додека присутните се смеат.

Но, баш во тој момент силна грмотевица удира токму покрај него.

За среќа, никој не е повреден, а младоженците успеале да ја завршат церемонијата моменти пред да почне да истура дожд.

Да признаеме, Мајката Природа нема баш смисла за хумор, коментира тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.