Две и пол годишно дете од Србија завршило на одвикнување од гледање на цртаниот филм „Пепа прасето“. Детето поминувало до седум часа дневно гледајќи го цртаниот филм по што започнало чудно да се однесува.
Родителите го донесоа поради несекојдневното и бизарно однесување. Детето им ги мирисало стапалата на гостите, се влечкало под маса и грофтало како прасе, раскажал психологот Влајко Пановиќ, пренесува „Курир.рс“.
Психологот објаснал дека поради недостаток на допир со реалноста, содржините од цртаниот филм станувале доминантни во неговата реалност, па поради тоа детето го репродуцира однесувањето кое го научило од цртанот.
Решението за бизарното однесување на детето било поголем допир со надворешниот свет и вистинските игри за деца. Родителите го однеле детето на игралиште каде што тој играл и се социјализирал со други деца.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.