Од пристигнувањето на новата 2019 година не делат само уште неколку денови. Новата година и божиќните празници се уште поубави и магични кога во поштенското сандаче ќе најдете убава и шарена новогодишна честитка. Центарот на градот е преполн со улични продавачи кои нудат честитки со најразлични новогодшни мотиви.
Но, ако порано праќањето честитки за Нова година или за друга прилика беше традиција, во последниве години сите праќаат многу повеќе честитки преку електронска пошта.
Индивидуално, меѓу граѓаните, честитањето на новогодишните и божиќните празници со честитка полека изумира. Единствено бабите и дедовците сé уште практикуваат да ги изненадат внуците со по некоја музичка картичка преку пошта. Преостанатите користат телефон и интернет.
И продавачите го тврдат истото. Од годна в годна се помалку се продаваат новогодишните честитки, а најмногу ги купуваат или најмладте или најстарите генерации.
Некогашните хартиени честитки во плико сега се заменети со електронски пораки, новите технологии ги сменија и навиките за честитање на празниците. Но, како и да е, граѓаните на еден или друг начин, преку електронска или обична пошта сепак уште практикуваат да им посакаат здравје , успех и среќа во Новата годна на своите пријатели и роднини.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.