Градоначалникот на еден мал град во Перу решил да се преправа дека е мртов откако бил фатен како ги крши мерките воведени поради пандемијата со коронакризата.

Како што објави „Daily Mail“, Роландо Урбина Торес бил снимен како лежи во отворен ковчег, но со заштитна маска на лицето.

Полицајците, сепак, го уапсиле во понеделникот, а како што било наведено во извештајот, тој го прекршил полицискиот час за да може да пие алкохол со своите пријатели. Исто така, таму е наведено дека тој бил пијан и додека полицијата го приведувала.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.