Историскиот Леуварден, главниот град на холандската провинција Фризленд или Фризија, е неверојатен спој на чудното и прекрасното.
Тука се наоѓа Де Олдехове, недовршена кула од 16 век, навалена толку многу што речиси ја надминува онаа во Пиза, Италија. Тука е и блескавиот Национален музеј за керамика „Принцесеф“, како и величествената куќа со раритети од династијата Минг и делата на Пикасо.
View this post on Instagram
Но, Леуварден е карактеристичен и по тоа што се запиша во Гинисовата книга на рекорди благодарение на фактот дека досега го сменил своето име 225 пати! Ливаден, Лјуверт, Лувт, Левард или, пак, Леовардија? Ова се само неколку имиња што ги менувал градот.
Причината за такво нешто е што до 19 век, во Холандија не постоел никаков официјален правопис, а луѓето главно ги пишувале зборовите на начинот на кој ги изговарале. Во провинцијата името Лувт е популаран назив за Леуварден, додека во училиштата од минатите векови се обидувале да го латинизираат името во Леовардија.
View this post on Instagram
Многу градови во Холандија немаат свое официјално име, а Леуварден има дури 225 различни називи. Затоа без оглед дали го викаат Лут, Леуваденн или Леовардија, градот сосема заслужено го има прекарот „Град со сто имиња“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.