Американскиот бискуп Џералд Глен(66) кој ветуваше дека и во време на пандемија ќе држи проповеди, освен ако не се најде во затвор или болница и се спротивставуваше на социјалната дистанца, почина од последици на короната.
Од Новата Евангелистичка црква која ја основал 1995, соопштил дека бискупот Џералд Глен почина за време на викендот, пренесе Скај њуз.
Бискупот јавно одбиваше официјални савети за избегнување на големите верски собири, за време на пандемијата на коронавирусот и вети дека ќе држи проповеди освен ако не се најде во затвор или во болница.
На видео снимката на кое Глен се обраќа на верниците во Ричмонд, пет дена откако гувернерот Ралф Нортам побарал од луѓето да избегнуваат собири поголеми од 10 луѓе, тој им рекол цврсто верува дека Бог е поголем од овој страшен вирус.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.