Седумгодишниот Горазд Лиговски од село Митрашинци, Берово во неделата попладнево беше тешко повредено на дел од горниот екстремитет во сообраќајна несреќа, а во моментот со ампутирана рака се наоѓа во болница Аџибадем Систина.

Како што апелираат пријателите на социјалните мрежи, трошоците за лекување и рехабилитација на Горазд се околу 500.000 денари, а досега ја надминаа сумата од 250.000 денари, при што за понатамошно лекување и рехабилитација ќе бидат потребни најмалку уште толку.

Да бидеме хумани да се солидаризираме и да им помогнеме на родителите да ја надминат тешката ситуација со што ќе успеат да ја обезбедат потребната сума за малиот Горазд.

Семејството прави напори да се обезбедат телефонски линии за донации за Горазд, а во текот на денот ќе се изготви и fundraiser за директни донации за Горазд на фејсбук.

Во меѓувреме ова се сметките за донации за малиот Горазд.

МК Сметка: 200002007841113 на име Весна Бошковиќ-Лиговска; Стопанска Банка АД Скопје.

Како што соопшти МВР, несреќата се случила околу 17.20 часот на регионалниот пат Виница – Берово, на место викано „Кошето“, атар на с.Будинарци, беровско.

Управувајќи патничко возило „сеат алтеа“, В.Б.Л.(31) изгубила контрола и удрила во карпа. Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобил седумгодишен сопатник, а со телесни повреди се здобила В.Б.Л., констатирани во Клинички центар „Систина“ – Скопје, каде биле пренесени за укажување на лекарска помош.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.