Екатерина К.(24), која учела за дерматолог, убиена е кога некој и го пресекол вратот во нејзиниот стан во Москва, велат полицијаците.

Имала неколку убодни рани. Нејзиното тело пронајдено е спакувано во куфер, во станот кој го имала изнајмено во Москва. Каќа се натпреварувала во Москва како блогерка за убавина, велат извештаите.

Нејзиниот Инстаграм налог на име Катти, има 80.000 следбеници. Работела во градската болница. Нејзините  следбеници велат дека имала сличност со модната икона Одри Хепберн.

Нејзините родители се загрижиле кога Екатерина престанала да одговара на нивните телефонски повици.

Го замолиле незјиниот станодавач да го провери нејзиниот стан и тогаш го пронашле нејзиното голо тело во куфер. Полицијата го истражува нејзиниот љубовен живот, како би пронашла траги од убиецот. Познато е дека ја прекинала врската со 32 годишниот љубовник и започнала врска со постар маж. Таа и 52 годишниот маж сакале да одат во Холандија.

Нејзиниот последен пост е за патувањето на Крф, 22 јули. Нејзиното тело е пронајдено пет дена подоцна. Полицијата истражува дали љубомората е поврзана со злосторството. Досега никој не е уапсен.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.