Во студенскиот дом „Студентски град“ во Нов Белград се случи несекојдневен настан и крајно чуден инцидент кој ги преплаши младите луѓе што живеат таму. Српските медиуми јавуваат за приказната која им ја раскажале студентите која неколку дена се раскажува меѓу нив поради силните впечатоци од настанот. Имено, млада девојка во текот на ноќта му се молела на ѓаволот во својата соба потполно гола.

Според нивните зборови, девојката ги расфрлила предметите низ собата и тогаш ја разбудила својата цимерка, која се исплашила и истрчала надвор.

-Никоја не знае што точно се случувало, Низ домот се раскажува дека му се молела на ѓаволот и дека била целосно гола. Дојде и полиција, сите ги видовме, Полицајците разговараа со девојката која беше во својата соба кога нејзината цимерка ги изведувала ритуалите или како и да се вика тоа, велат студентите за српските медиуми.

На видеата кои се објавени во српските медиуми се слуша како споменатата девојка се моли, се гледаат полицајците кои интервенирале на барање на вработените во студентскиот дом.

На снимката девојката изговара христијанска молитва, но нејзините врсници сето ова ги збунило и како што велат се им наликувало како чин на некаква секта.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.