Легендарниот британски природонаучник и автор на популарни документарни серии Дејвид Белами почина на 86 години во Лондон.

Како автор и водител, тој се појави во голем број документарни серии и емисии од областа на ботаника, екологија и животна средина, станувајќи едно од омилените ТВ-лица.

Тој студираше и подоцна предаваше ботаника, пред да се прослави со известувањето за инцидент со излевање нафта во 1967 година, што беше вовед во неговата богата телевизиска кариера.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.