Бездомничката Зилда Хенрике дос Сантос Леандро (31) неколку пати му се приближила на човек во Бразил и му побарала пари, по што мажот извадил оружје и двапати пукал во неа.
На жената прво ѝ помогнал пешак што се обидувал да запре автомобил. Бездомничката ја однеле во болница, каде што починала по некое време.
Полицијата го идентификувала убиецот. Адербал Рамос де Кастро тврдел дека го носел оружјето за да се заштити. Адвокатката рекла дека нејзиниот клиент реагирал така затоа што еднаш го ограбиле, пренесува „Дејли мејл“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.