На неговата традиционална годишна прес-конференција, рускиот претседател Владимир Путин одговори и на едно лично прашање.

Кога ќе се ожените и со кој?, праша еден од новинарите.

На тоа Путин возврати со прашање дали новинарот е оженет и доби потврден одговор.

Тој е оженет и сака и мене да ми биде фино како и него, одговори на шега Путин.

Но, претседателот сепак не го избегна прашањето.

Јас сум пристојна личност  и еден ден ќе се оженам, рече Путин.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.