Според најновите истражувања, просечниот рачен часовник содржи три пати повеќе бактерии од просечната WC шолја. До овие податоци се дошло преку истражување кое го спровела компанијата „Tic Watches“, во кое часовниците биле тестирани на различни видови бактерии.

Тестирани се 10 различни видови часовници, а највалкан бил фитнес часовникот кој се покажал дури осум пати повалкан од WC шолјата. Најчист бил кожниот часовник. Директорот на компанијата која го спровела истражувањето советувал часовниците да се чистат барем еднаш месечно.

Исто така резултатите покажале дека особено се валкани оние кои не се водоотпорни и чии сопственици избегнуваат било каков контакт на часовникот со вода.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.