Возачот на авотбус, Тим Ватсон е прогласен за херој откако спасил 3-годишно дете кое било грабнато од својата мајка. Киднаперот со момчето се качил во неговиот автобус, но острото око на Тим забележало дека описот на облеката на детето кое ја слушнал на радио се совпаѓа со она што го носело момчето во неговиот автобус.

Морав да бидам мирен и сталожен за киднаперот да не ме забележи дека се сомневам во него. Измислив дека барам зелен ранец кој е заборавен во автобусот, за добро да ги видам сите патници, па и детето. Кога ги видов неговиоте црвени чевли и фактот дека очите му беа малку насолзени, знаев што треба да направам, изјавил Ватсон.

Детето било грабнато во јавна библиотека кога криминалецот го искористил невниманието на неговата мајка, а доколку успеал во намерата да го оддалечи од местото на живеење, американскаите медиуми јавуваат дека шансите да биде пронајдено детето значително би се намалиле.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.