Дилан тежел нешто повеќе од 900 грама, а неговиот брат Деинол околу 850 грама. Кога се родиле белите дробови им биле неразвиени, па итно биле префрлени на одделението за интензивна нега во болницата Ројал Болтон.
Во болницата поминале 14 недели кога состојбата на Дилан се подобрила и родителите го однеле дома, но неговиот брат Деинол и понатаму дишел со помош на апарати. Откако неговиот брат заминал од болницата, состојбата на Деинол се влошила.
Лекарите на родителите, 28-годишната Јана Зимун и 40-годишниот татко Хавиј им рекле да се подготват на најлошото, затоа што Деинол нема да преживее. Сепак, родителите дошле во болница со Дилан и го ставиле покрај неговиот брат кој бил во лоша состојба, па се тргнало на подобро. После само 5 минути нивото на кислород му се зголемило.
Заминале дома со Дилан и се договориле со родителите ваквото дружење да го повторат за два дена. Откако повторно некое време поминал со својот брат во инкубатор, состојбата на Деинол се подобрила. Мајката Хана смета дека Дилан со својата близина и допир му го спасил животот на својот брат близнак. Се вратиле за два дена, во договор со докторите, а состојбата на Деинол толку се подобрила што почнал самостојно да дише.
Во болница поминал 7 месеци, се уште добива кислород, но постепено му ја намалуваат дозата, затоа што белите дробови му се зајакнуваат.
Не постои научно објаснување за таквото нагло и неочкувано подобрување, но познато е дека допирот помага, а прегратката има влијание како таблета против болки.
-Не го очекувавме тоа, како ни докторите и медицинските сестри. Навистина е чудо. Со својата прегратка му го спаси животот. Беше прекрасно тоа да се набљудува, како на сите да сакаа да ни кажат дека никогаш не требало да ги раздвојуваме. Таа врска меѓу близнаците навистина постои – рекла мајката на близнаците кои сега имаат една година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.