Американскиот глумец, сценарист, режисер и продуцент, Тајлер Пери, ги воодушевил пензионерите во еден трговски центар, откако ги платил нивните сметки.
Погледнете ги тие лица. Можете да ги видите солзите и насмевките преку маските, напишал на Твитер еден корисник.
Дојдов рано во продавницата. Брзав за да најдам сè што ми требаше. Мило ми беше што видов дека има доволно тоалетна хартија, јајца, брашно … Откако сè беше пресметано на шалтерот, работникот рече дека веќе платил Тајлер Пери. Беше 7 часот наутро, јас дури и го немав испиено првото кафе, па затоа мислев дека сонувам “, рече еден од среќните купувачи.
„Насекаде има добри луѓе. Тајлер го докажа тоа низ годините“, „Доказ дека хуманоста е сè уште жива“, „Прекрасен гест“, коментираат луѓето на социјалните мрежи за потегот на Тајлер.
Инаку, во 2011 година, 50-годишниот Пери беше прогласен за најплатена личност во светот на забавата од магазинот „Форбс“. Заработил 130 милиони долари помеѓу мај 2010 и мај 2011 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.