Хрватската театарска актерка Наталија Ѓорѓевиќ(44) на социјалната мрежа Фејсбук објави оглас по пат на кој бара работа.

Наталија во огласот на својот профил го навела своето досегашно професионално искуство, па замолила да и се обратат сите кои би можеле да и понудат ангажман во некој проект.

Ако некому требам за некој проект, би била благодарна. Глумам, свирам клавир, зборувам англиски и француски, се снаоѓам во водење емисии, снимав и синхронизирав цртани филмови. Благодарам. Брзо учам, ако треба некој друга вештина – напишала Наталија.

Наталија освен во театар глумела и во бројни серии и филмови, како „Луда куќа“, „Битанги и принцези“.

Оваа нејзина објава крена голема прашина на социјалните мрежи, каде може да се видат бројни коментари од подршка, но и чудење како оваа сестрана актерка стигнала до тоа работа да бара преку Фејсбук.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.