Обесхрабрени од социјалните правила кои велат дека жената да остане немажена е огромен срам, голем број на Албанки во последниве неколку години решиле да си ја бараат среќата во љубовта надвор од границите на нивната држава. Па така, бројкот на склучени бракови помеѓу Албанки и Срби од ден за ден се зголемува, пишува „Блиц.рс“.

Нарачката на невести од соседна Албанија, практика која е доста популарна кај повозрасните ергени, во последниот период се покажала како неисплатлива бизнис инвестиција. Расте бројот на незадоволни граѓани поради непочитување на договорот за брак од страна на невестите.

Еден човек од рожајско село, кој сакал да остане анонимен „поради наводна срамота“, тврди дека дал 2.500 евра за да ја ожени девојката од околината Скадар, но дека невестата никогаш не ја видел.

Ги предупредувам сите кои се одлучиле на овој чекор да добро пазат да не минат како јас, вели овој човек и напоменува дека веќе четири негови пријатели и комшии се женеле со Албанки.

Но, многу се и такви кои велат дека ова им била најдобрата одлука во животот.

 

Се покажаа како добри жени, мајки и домаќинки, раскажува Саша, кој се ожени со Албанка независно од многуте предрасуди.

Вели дека нема лоши Албанци, Македонци или Срби, туку има добри и лоши луѓе. Истото мислење го дели и неговата сегашна сопруга Елида Хоџа, која во потрага по подобар живот во 2012 година од албанскиот град Драч дојде во Македонија и се омажи за Саша Алексиќ, по потекло Србин.

Таа сега живее во домот на нејзиниот сопруг кој е 17 години постар од неа, во селото Старо Нагоричани, во руралната општина со истото име, во близина на границата со Србија.

Роднина на татко ми дојде кај нас и ме праша дали имаш желба да се омажиш, да имаш семејсто. Му реков да. Ми одговори дека имал еден пријател од Македонија со име Саша доколку сакаш да го запознаеш ќе го донесеме тука да се запознаете. Реков нема проблем нека дојде. Саша дојде во Албанија, се видовме еден со друг. Што да видам фамилијарен човек, домаќин. И ние го гледаме човекот дали е фамилјарен, а не колку е убав или колку коса има на глава. Туку битно е да е човек. Се видовме, си се допаднавме и направивме веридба, раскажа Елида пред две години за весникот „Лајм“.

Таа додава дека семејството на Саша е многу добро. Елида се грижи за домот, за добитокот, за родителите на Саша и вели дека е среќна покрај нејзиниот сопруг со кого има три деца. Данило, Сергеј и Анастасија не знаат многу зборови на албански, иако и двајцата родители, Елида и Саша, инсистираат да го учат и мајчиниот јазик.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.